360
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во улога на претседавач со ОБСЕ се сретна со шефовите на мисиите на ОБСЕ во Србија, Косово и во С Македонија, амбасадорите Јан Брату, Мајкл Девенпорт и Килиан Вал.
Пред нив, како што соопштија од прес-центарот на Османи, тој го презентирал планот од девет точки кој треба да помогне за деескалација на состојбата на северот во Косово и да придонесе за постигнување траен мир.
„Охрабрувачки е да се слушнат нивните мислења за потенцијалните перспективи на планот за деескалација на ситуацијата што како претседавач со ОБСЕ го претставив. Понудениот патоказ поттикнува атмосфера на дијалог и соработка“, рекол Осмни.