Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров пристигна на министерскиот совет на ОБСЕ, кој официјално почна денеска во Скопје во Спортскиот центар „Борис Трајковски“.
Лавров на влезот кон салата не застана да даде изјави за медумите. Тој беше дочекан од домаќинот – претседавачот на ОБСЕ, Бујар Османи.
Лавров пристигна со лет доцна синоќа преку Грција, откако Бугарија во последен момент одлучи да го затвори небото за прелет на рускиот авион, поради портпаролката на руското МНР, Марија Захарова.
Захарова претходно денес ја коментираше одлуката на Бугарија како опасна глупост.
Лавров синоќа се размина со државниот секретар на САД, Антони Блинкен кој по неформалната вечера на министрите за надворешни работи, замина за Израел, пред да слета во Скопје авионот на рускиот министер.