Министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва во емисијата „10 Минути“ посочи дека убеден е оти претседателот на Франција, Емануел Макрон, го нарекува нашиот народ „Северномакедонци“ без намера за навреда.
-Јас сум убеден дека, затоа што разговаравме, францускиот претседател тоа го изговара без никаква намера. Вообичаено, какво е името на земјата, така се нарекуваат и жителите. За нас е специфично. И додека да стигне таа информација до францускиот претседател во услови кога он ја води целата ЕУ, се разбира дека е потешко. Ние треба да работиме за да ја подигнеме свеста. Тоа и не е случајно, се разбира дека треба да има реакција, но мора да се сфати дека имаше такви грешки во неколку други наврати, каде што веднаш, тие што ги знаат спецификите, се корегираат и се извинуваат – вели Османи.