813
Вицепремиерот од редовите на ДУИ, Бујар Османи, го посети претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје.
Османи објави фотографија на Фејсбук од собата во која е Џафери, а покрај нив двајцата на фотографијата е и докторот Неџати Јакупи кој е поранешен пратеник и министер од ДУИ.
Џафери е сместен на Инфективната клиника од петокот (24 јули). Тој беше примен со повеќе симптоми кои укажувале на присуство на вирусот, а имал и пневмонија, но досегашните тестови, според информациите од неговиот кабинет, се со негативен резултат.
Вчера оттаму информираа дека неговата здравствена состојба е стабилна, но потребен му е одмор, со оглед на набиената агенда во изминатиот период за време на изборите.