Османи: Ги споделуваме заедничките вредности со НАТО, стоиме рамо до рамо со нашите сојузници

by Fokus

Оваа година прославуваме годишнина од полноправното членство во НАТО. Северна Македонија денеска е дел од трансатлантското семејство на држави и стоиме рамо до рамо со нашите сојузници, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи кој во Брисел учествува на редовниот состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на дипломатии.

-Ги споделуваме заедничките вредности и сме фокусирани врз заштита на заедничката безбедност, и ширејќи ги вредностите на НАТО во регионот, придонесуваме за надминување на заедничките предизвици заедно, изјави Османи пред почетокот на состанокот на Алијансата.

Ова е прв состанок на Советот што ќе се одржи со физичко присуство во седиштето на НАТО, по пауза од една година заради пандемијата со Ковид-19.

Министрите за надворешни работи ќе се осврнат и на развојот на агендата во врска со „НАТО 2030“, а се очекува да дадат свои коментари и сугестии во однос на идната геостратешка улога на Алијансата и справувањето со идните безбедносни предизвици, како и да одобрат неколку одлуки во врска со темите што се предмет на дискусија.

– Министерот Османи, ќе биде прв политички претставник од Република Северна Македонија кој физички ќе присуствува на состанок на Северно-атлантскиот совет од зачленувањето на нашата земја во НАТО, во март минатата година, што ќе биде искористено да оствари и неколку билатерални средби со министри за надворешни работи на земји-членки на НАТО и партнери, соопшти МНР.

Поврзани новости