84
Кандидатот за претседател од ДУИ, Бујар Османи, преку видео порака од својот дом вечерва објави дека собрал над 10 илјади потписи за неговата кандидатура.
„Веста дека се собрани над 10 илјади потписи ме најде во домашен амбиент, додека ја барав поддршката и од моите најблиски“, вели тој во видеопораката.
Потпишувањето на граѓаните за кандидатите за претседател се одвива тековно, без проблеми и застој. Одзивот на граѓаните е на задоволително ниво-информираат од подрачните одделенија на ДИК.