Османи ги повика македонските граѓани во Либан да ја напуштат државата поради непредвидливата ситуација

by Fokus

Министерот за надворешни работи Бујар Османи ги предупредува македонските државјани во Либан да ја напуштат државата поради непредвидливата ситуација во регионот.

„Ние сме должни секој наш државјанин да го згрижиме. Во тој контекст можеби денеска ќе пуштиме соопштение да ги повикаме нашите граѓани во Либан да ја напуштат државата поради непредвидливата ситуација таму“, рече Османи.

Според него, граѓаните таму особено треба да бидат внимателни поради фактот што со Либан немаме ниту дипломатски односи, а немаме ниту амбасада.

„Особено треба да бидат внимателни поради фактот што со Либан немаме ниту дипломатски односи, немаме ниту амбасада и ќе биде многу тешко потоа да ги згрижиме нашите граѓани во услови состојбата да се влоши. Сакаме однапред да испратиме покана до сите наши граѓани што се во Либан или, пак, планираат да патуваат во Либан, тоа да го одложат“, односно, како што рече, тие што се таму да ја напуштат државата.

Во врска со извлекувањето на брачниот пар од Газа, Османи појасни дека станува збор за брачен пар, тоа се локални жители на Газа, но имаат и државјанство на Северна Македонија и дека државата е должна секој свој државјанин да го згрижи.

Поврзани новости