Османи ги поддржа санкциите на САД против Додик

by fokus

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи преку порака на Твитер ги поддржа санкциите на САД против членот на претседателството на БиХ, Милорад Додик.

-Ја поздравуваме одлуката на Министерството за финансии на САД во врска со континуираните закани за стабилноста и територијалниот интегритет на БиХ. Северна Македонија го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина и го осудува секој чин што ја поткопува нејзината стабилност и евроатлантската иднина, напиша Османи.

Вчера Канцеларијата за контрола на странски средства на САД (OFAC), во согласност со Извршната уредба 14033, воведе економски санкции за Милорад Додик, член на Претседателството на БиХ поради како што е наведено поткопување на стабилноста на БиХ, корупција и загрозување на мировниот договор.

Поврзани новости