512
Вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор, Бујар Османи, бара Фудбалската федерација на Македонија да објасни зошто уметничкиот дел за време на УЕФА Супер купот во Скопје не бил рефлексија на мултиетничноста на државата.
„Следев натпревар на европски гиганти всред Скопје. Докажавме дека можеме да организираме настани од овој ранг. Но, организаторите на уметничката програма како да заборавиле дека Македонија е мултиетнична. ФФМ да се објасни!“, напиша Османи на неговиот фејсбук профил.