Османи: Фактот што ОБСЕ беше спасено во Скопје претставува огромен успех за нашата дипломатијата

by Fokus

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во интервју за Слободен печат вели дека тоа што советот на ОБСЕ бил спасен во Скопје претставува огромне успех за македонската дипломатија.

„Можеше ОБСЕ да пропадне во текот на нашето претседавање. Замислете кое е тоа историско наследство што ќе го оставиме ние. Бидејќи сите предуслови, до една недела пред Советот во Скопје, сите беа убедени дека во Скопје ќе се исклучат светлата на ОБСЕ. Сето тоа беше дел од едно успешно менаџирање на 57 земји учеснички, во кој што за четворица земји кандидати и една земја претседавач се усогласија и Русија, и Украина, и САД, и НАТО земји и ЕУ земји. Тоа не можеше да се замисли до пред неколку недели пред самиот Совет,“ рече Османи.

Тој нагласи дека Советот на ОБСЕ во Скопје е големо признание за нашата дипломатија, но и за граѓаните, доказ дека всушност имаме капацитет.

„Нас ни недостасува можност- експозиција, како можност за да се покажеме. Значи, системот во МНР, во кој јас имав одредени сомнежи, во квалитетот, во можноста, желбата… се покажа беспрекорен. Се покажа дека нас не ни недостасува капацитет, туку можност да се покажеме“, заклучи министерот.

Поврзани новости