385
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи попладнево на брифинг со новинарите потврди дека тв презентерката Бесмира Ејупи е вработена во Министерството за надворешни работи.
-Во текот на годината од Министерството за политички систем се преземени вкупно 13 соработници, вклучувајќи и личноста која што ја спомнувате. Дел од нив во рамки на систематизацијата преку К5 програмата, дел преку директна спогодба. Делумно е точна информацијата, но на позиција соработник во протокол, што е почетна позиција во МНР. Во моментов имаме огласи за 16 нови соработници, кој што е во тек и сите кои што сакаат да работат во дипломатијата, можат тоа да го направат, рече Османи на прес-конференција.