Османи: Еден брачен пар е заглавен во Газа, дваесетина наши граѓани преку Атина се вратија во земјава

by Fokus

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи утрово ги даде последните информации со нашите државјани кои биле или моментално се наоѓаат во Израел и околу загрозеното подрачје во Газа. Како што рече, во и околу појасот имало дваесетина наши државјани кои биле заглавени.

-Нашиот фокус беше да ги донесеме на аеродромот во Тел Авив, оттаму да ги извлечеме. Од нив, ноќеска петмина стигнаа во Атина, нашата амбасада им обезбеди места во комуникација со грчките власти.

Ги пречека нашата амбасада во Атина, а оттаму преку Солун стигнаа во земјава. Утринава уште 17 пристигнаа во Атина и во моментов доаѓааат накај Солун, од каде ги чекаме на нашата граница, кажа Османи на брифинг со новинарите.

Поврзани новости