Османи: ДУИ ќе го почитува принципот „победник со победник“ при формирање на влада

by Фокус

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, во интервју за „Газета Експрес“ изјави дека ДУИ ќе настапи самостојно на изборите и притоа ги повика другите албански партии да се обединат со цел, како што рече, да го обединат албанскиот глас. Воедно, Османи дека ДУИ ќе се придржува кон принципот „победник со победник“ при формирање на постизборна коалиција.

-Тоа подразбира дека ДУИ ќе формира коалиција со македонската партија која ќе победи, без оглед дали станува збор за ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ – изјави тој, додавајќи дека ДУИ никогаш нема да дозволи да се поништи Договорот од Преспа, Законот за употреба на јазиците или Договорот за добрососедство со Бугарија.

Поврзани новости