Османи: ДУИ бараше писмени гаранции и од ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

ДУИ и досега и отсега расправа само врз основа на пишани документи, за Плусинфо одговори портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, на прашањето на што се однесуваат писмените гаранции кои Али Ахмети вчера ги побара од лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за добивање на мандат за составување на нова влада.

На прашањето, дали сите коалициски договори со ВМРО-ДПМНЕ се засноваат на пишани гаранции, Османи одговорил потврдно.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев вчера по средбата со Хан изјави дека ќе му ги достави писмените материјали за преговорите на Али Ахмети, за што побрзо да ги добие потписите од пратениците на ДУИ, но додаде дека кога Ахмети преговараше со ВМРО-ДПМНЕ, на Груевски ништо не му побарал на писмено.

Поврзани новости