Османи: Дојдоа луѓе со солзи во очите, покажавме солидарност

by fokus

Одлучивме да им дадеме привремено прибежиште на 750 лица од Авганистан со кои сме соработувале, од кои првата група од 149 вечер пристигна, порача министерот за надворешни работи Бујар Османи од скопскиот аеродром.

-Тоа се претежно жени и деца. Еден од патниците беше бремена жена која веднаш беше упатена на гинекологија. Одлучивме да им излеземе во пресрет кога им е најпотребно и да им обезбедиме привремено прибежиште додека не стигнат до конечните дестинации. Денес покажавме солидарност да им помогнеме на луѓе со солзи во очите кои овие 90 дена ќе имаат сместување – рече Османи.

Тој посочи дека во рамки на Владата функционирало меѓуресорско тело со сите институции, за да бидат направени, како што рече, сите подготовки за достоинствено прифаќање на бегалците.

Поврзани новости