Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денес преку видео порака се обрати до граѓаните во која им се заблагодари за коментарите, критиките и дискусијата која се поттикна од видеото коe го објави пред 20 дена.
На претходното видео тој ја објаснуваше суштината на Преговарачката рамка на Република С Македонија со Европската Унија. Во новото видео тој ги повтори пораките што ги испрати до јавноста пред дваесет дена.
Според него ниту еден од бројните коментари не дал „опиплив аргумент“ кој ги побива аргументите што ги презентираше на 5 август.
„Пред 20 дена застанав пред вас со зелена табла и со креда во рака за да ја поедноставам и разјаснам Преговарачката рамка со Европската Унија. Мојата намера беше да ги презентирам фактите транспаретно, надевајќи се дека секој граѓанин ќе биде информирам објективно. Пристапот можеби беше нетипичен, но суштината беше вистината и објективноста. Во текот на изминатите 20 дена видеото предизвика виор од одговори, коментари и критики. Благодарам за вашиот ангажман дури и за критиките, го ценам тоа. Тоа покажува дека сме држава на страсни поедници кои длабоко се грижат за нашата иднина. Сепак забележливо е дека имаше бројни коментари, ниту еден не даде опоплив аргумент за да ги побие фактите што ги презентирав“, изјави Османи во своето ново видео обраќање.
И во новото браќање до јавноста тој потенцира дека основната порака останува непроменета.
„Договорите со соседите и Прегледите не се дел од посебните сегменти од Преговарачката рамка кадешто има писмено известување и гласање од страна на земјите-членки на Европската Унија“, вели Османи.
Тој повторно го повика секој кој има фактички докази за да се спротивстави на неговата презентација, да исчекори.
„Искрениот дискурс ја зајакнува нашата демократија. Го почитувам секој од вас, без разлика дали сте се согласиле со методот или не. Нашата крајна цел е посветла европска иднина за Северна Македонија и верувам дека заедно со отворен дијалог и со факти можеме тоа да го постигнем“, изјаи Османи.
Во претходното видео тој објаснуваше дека Преговарачаката рамка се состои од два дела – општ и специјален дел и дека во општиот дел се таканаречените општи одредници од Преговарачката рамка за коишто нема писмен извештај од страна на Комисијата и за кои нема да има гласање од земјите членки, односно од Европскиот совет.
Во специјалниот дел, како што појасни се 35-те поглавја од преговорите, кои се скалилата низ кои задолжително треба да помине државата низ пристапниот процес за да стане членка на Европската Унија. За тие одредници, има писмен извештај од Европската комисија и има гласање од страна на земјите членки