Откако вчера бугарскиот претседател Румен Радев рече дека не е здраво да се поставуваат ултиматуми кон Бугарија по изјавата на министерот за надворешни работи Бујар Османи дека јуни е последната шанса за решавање на проблемот со цел тргање на ветото за преговорите со ЕУ, денеска шефот на дипломатијата му одговори на Радев – тоа не уцена туку таква е фактичката состојба.
– Тука не зборуваме за ултиматуми или за условување кон ЕУ или Бугарија, туку тоа е појаснување на фактичката состојба. Како поминува времето, се јавува обесхрабрување и сето тоа има последици и врз домашната политичка сцена и врз можноста граѓаните и политичките елити да го даваат својот придонес во овој процес, рече Османи.
Тој потенцира дека колку повеќе се одолговлекува процесот, толку тој станува поразводнет. – Ова е одлична и последна можност во која има концентриран политички капитал, тоа е проценка, а не ултиматум, рече Османи.