Додека е Али Ахмети, на Албанците нема да им фали ни влакно – вака Бујар Османи и одговори на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека нема да коалицираат со ДУИ. Османи рече дека ваквите изјави поттикнуваат меѓуетнички тензии, а главната цел е да се добијат политички поени.
-Не е тоа првпат. Јас се сеќавам на изјавите на Зоран Заев на митинзите кога велеше зошто не ДУИ да оди во опозиција, па знаете каков беше исходот понатаму. Така што овој начин на создавање на меѓуетничка омраза со цел потоа да се искористи во добивање на политички поени е премногу ризично за една мултиетничка демократија како што е Северна Македонија. На ВМРО-ДПМНЕ можам само да им порачам дека, додека е ДУИ и додека е Али Ахмети, на Албанците нема да им фали влакно. Така што, сите тие закани се безвредни – рече тој.