Османи до Македонците во Албанија: Слободно искажете ја вашата припадност на пописот!

by Фокус

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, порача до Македонците во Албанија во следните шест недели слободно да ја изразат својата идентитетска припадност на тамошниот попис на населението.

„Драги Македонци, препознавајќи ја вашата улога како лојални граѓани на Албанија, ве охрабрувам на пописот слободно да ја потврдите вашата етничка, јазична, религиска и идентитетска припадност, која претставува основно природно право на секој поединец“, рече Османи.

Тој истакна дека деновиве сме сведоци на пропаганди кои влијаат на одлуката, притоа не водејќи сметка за чувствата на Македонците, но тоа, според него, воопшто не треба да ги загрижува македонските граѓани од овој крај, бидејќи „Албанија е слободна земја“.

Поврзани новости