Османи до Ескобар: Блокадата нѐ чини една милијарди евра годишно финансиска поддршка од ЕУ

by Fokus

И шефот на македонската дипломатија Бујар Османи имаше средба со високиот гостин од САД, Габриел Ескобар.

Според соопштението од МНР, соговорниците размениле мислења за актуелните политички случувања, со акцент на европското досие на Република Северна Македонија, како и потребата од продолжување на процесот на преговори со ЕУ преку спроведување на уставните измени.

„САД имаат клучна улога во сите поважни внатрешни и надворешно-политички моменти од поновата историја на Северна Македонија, давајќи цврста поддршка за нашето успешно етаблирање како независна држава, длабоко интегрирана во трансатлантското семејство на модерни и функционални демократии“ – истакнал Османи додавајќи дека блокадата на евроинтегративниот процес нѐ чини една милијарди евра годишно финансиска поддршка од ЕУ.

Министерот искажал благодарност и за долгорочната поддршка од САД за севкупните реформски процеси, нагласувајќи дека Владата и останатите институции продолжуваат да работат со силна посветеност на спроведувањето на реформите во областа на доброто владеење, владеењето на правото и борбата против корупцијата.

Поврзани новости