521
Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, вели дека професорот Денко Малески бил предлог на ДУИ за консензуален претседател и во времето кога оваа партија беше во владина коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Тој веќе јавно беше оценет од лидерот Али Ахмети како добар кандидат.
Според Османи, не треба да има предвремени парламентарни избори, бидејќи има важни прашања кои што треба да следат по затворање на процесот на уставните измени.
-Македонија треба да има консензуален претседателски кандидат и тоа треба да биде на предлог на партиите кои се носители на важните процеси, во случајот СДСМ и ДУИ – рече Османи во интервју за Телма.