Вицепремиерот Бујар Османи утрово преку својот профил на Фејсбук апелираше граѓаните да внимаваат на своето здравје и да ја користат маската, која значително го намалува ризикот за ширење на заразата.
Исто така, тој додаде дека денеска бројот на заболени од корона вирус во земјава е позагрижувачки.
Mirëmëngjes,Mundësia për të qenë pozitiv ose për të pasur kontakt me dikë që është pozitiv ditëve të fundit është…
Publiée par Bujar Osmani sur Dimanche 31 mai 2020
„Добро утро,
Шансите да бидете позитивни или да имате контакт со некој кој е позитивен во последните денови е многу голем. Затоа ве повикувам да се однесувате како да сте позитивни и како секој со кого сте во контакт да е позитивен. Не е потребно многу да се заштитите:
– не верувајте во теориите на заговор
– маската го намалува преносот за 79%
не биди причина за смртта на најблиските
П.С Денес бројот е уште позагрижувачки“, напиша Османи на својот профил.