Османи: Демантирам дека Албанците не гласаа во доволен број

by fokus

Демантирам дека Албанците не гласаа во доволен број, гласаа во максимален број, тоа го гледам во споредба со сите изборни циклуси. Секогаш на избори излезноста е поголема. Но овој пат излегоа за нешто поголем број Албанци од локалните избори 2017 година, изјави денеска вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи, на прес конференција во Владата.

Тој исто така демантираше дека се полнеле гласачките кутии во места каде претежно живеат Албанци и рече дека ги охрабрува институциите да ги истражат овие наводи.

Според вицепремиерот бројката од 661.000 гласови на референдумот им дава целосен легитимитет на институциите да продолжат со имлементација на Договорот со Грција.

-Граѓаните јасно се определија дека сакаат во НАТО и ЕУ. Неуспехот на овој процес значи политичка, безбедносна и економска непредвидливост, статус кво. Вчера немавме одлука за нијанси, туку имавме контраст меѓу црно и бело, прогрес и регрес, добро и лошо. Гледам дека се појавуваат дилеми во однос на цензусот, но прашањето за цензусот не е поврзано со прашањето за референдм. Имавме проблеми со цензусот и при претседателските избори и затоа бевме приморани да го спуштиме. Вчера имавме наменски референдум да ја видиме волјата на граѓаните. 91 процент е најголемо мнозинство добиено на било кој референдум, можам со ова само да им честитам на граѓаните – рече Османи.

Според него тие што не излегле сакале да дадат порака дека има пратеници кои треба да одлучат за нив.

-Собранието сега треба да ја материјализира одлуката. Очекувам пратениците да кажат дали сакаат Македонија да биде на маса со членките на НАТО и ЕУ. Секој пратени оваа одлука треба да ја донесе наредните денови. Тоа нема да биде одлука на партијата, туку лично нивна соочени со иднината и со следните генерации, со тоа дали сакаат земја во економска благосостојба или непредвиливост – додаде тој.

Поврзани новости