Османи: Да останеме на брзата патека за членство во ЕУ

by Fokus

Министерот на надворешни работи Бујар Османи изрази благодарност за силната и гласна поддршка на Австрија, Чешка и Словачка за европскиот пат на нашата држава откако денеска во работна посета на државата беа тројцата министри во Славков (Аустерлиц) формат, и тоа: министерот за надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг, министерот за надворешни работи на Чешка, Јан Липавски и министерот за надворешни работи на Словачка, Мирослав Влаховски.

„Проширувањето на Унијата е соочено со интегративен моментум кој не треба да го пропуштиме. Република Северна Македонија не смее да си дозволи да се издвои и да припадне во група на земји кандидати или потенцијални кандидати кои имаат отворени прашања и за кои нема да има брза патека за пристапување во ЕУ. Напротив, ќе направиме историска грешка ако не останеме на сегашната патека, на која многу тешко се вративме, после долги години чекање“, рече Османи.

Говорејќи за неопходноста од усвојување на уставните измени со цел успешно да го продолжиме процесот на преговори, министерот Османи истакна дека се соочуваме со отпор наметнат од претставници на опозицијата, кој во суштина е ирационален, со оглед дека ни најмалку не ја менува суштината на нашето уставно уредување, туку само се допрецизира и онака мултиетничката структура на нашата држава – нешто што цело време го истакнуваме како наша предност или наш успех.

„Во наредните неколку недели пратениците ќе бидат ставени пред изборот – да подржат измена на Уставот што секако претставува наша цивилизациска обврска и придобивка или ќе ја затвориме таа врата со изговори на кои потоа никој нема да се сеќава“, укажа Османи.

 

Поврзани новости