Османи: Членството во ЕУ е единствениот начин да се спречи заминувањето на младите

by Fokus

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес учествуваше на Улпиана форумот во Приштина, на панелот насловен „Миграција преку ангажман на дијаспората: нова димензија за дипломатска и развојна соработка“

Османи нагласи дека „единствен начин да се спречи заминувањето на младите е преку намалување на расколот во економските и социјални прилики во Северна Македонија споредено со западните земји, што може да се обезбеди преку членството во ЕУ“, посочувајќи на фактот дека земји како Шпанија и Португалија пред членството во ЕУ имале значително поголем одлив на работна сила и млади.

Трендот во овие две земји е променет со членството во Унијата, истакна тој.

Османи се осврна и на проектите на МНР во интерес на дијаспората. Го издвои проектот, МКарта, кој во суштина „создава вредна мрежа на поединци кои се најдобри во своите професии и кои со тоа оставиле трага во новото опкружување во кое се успешно интегрирани и служат како дополнителен мост на соработка помеѓу дијаспората и Северна Македонија.

Османи информираше дека Северна Македонија на последниот попис по првпат овозможила попис на дијаспората, но податоците за нејзиното лоцирање не може да се користат за креирање долгорочни политики.

Поврзани новости