Османи чека сигнал од Франција за предлогот за кревање на ветото

by fokus

Прво треба да видиме предлог усогласен од сите земји-членки и да дадеме одговор на нашата позиција на таквите предлози, изјави шефот на дипломатијата Бујар Османи во одговор на прашање дали е запознаен со францускиот предлог за кревање на ветото од страна на Бугарија кон Северна Македонија, и дали има кокретни ставови.

-Ние сме и во внатрешна координација, нашата позиција е дека ќе коментираме и дека ќе дадеме наши ставови откако предлогот ќе биде доставен меѓу земјите-членки или ќе коментирмаме став што ќе има поддршка од сите земји-членки, мислам дека тоа е најправичниот начин да комуницираме, истакна Османи на прес-конференција во Охрид пред почетокот на Преспа форумот за дијалог 2022.

Според Османи, не е охрабрувачка политичката сцена во Бугарија, но, вели, ние го следиме патот што го трасира француското претседателство.

– Ако Франција оцени дека оваа внатрешна ситуација во Софија дозволува тие да продолжат со други чекори да се фати овој воз во јуни, ние треба да сме дел од овој процес кога ќе има став координиран од сите членки на ЕУ. Ние подготвени да ги продолжиме разговорите, но очекуваме предлог што е унифициран од сите земји-членки, рече Османи.

На новинарско прашање зошто на Форумот нема претставник од Бугарија, тој рече дека е разбирливо што нема учесник од Софија поради нивната сложена внатрешна политичка ситуација.

Поврзани новости