Османи: Бугарија не планира да ги блокира преговорите

by Fokus

Бугарија не планира да го попречува процесот на Северна Македонија за почеток на преговори, смета вицепремиерот Бујар Османи. Коментирајќи ги отворените прашања со земјата, тој вели дека Бугарија имала одредени забелешки, но дека нема намера да го блокира процесот бидејќи, како што вели, ако сакала тоа можела да го направи уште на Самитот во март.

„Бугарија беше една од тие што гласаше за започнување на преговори со Северна Македонија. Доколку Бугарија сакаше да го попречи овој процес, можеше да го блокира во март, бидејќи без нејзина согласност ние немаше да добиеме одлука за почеток на преговори. Фактот што Бугарија дава поддршка, но во записникот остава една забелешка само кажува дека има едно прашање што треба да се реши, но не планира да го блокира процесот, бидејќи можеше да го блокира во одлуката. Со едно „Не“ на самитот во март ќе ја спречеше одлуката за почеток на преговори. Се обидувам да го читам контекстот. Кога велите ‘да’, но во исто време кажувате една забелешка вие оставате простор за решавање, без притоа да изразите волја да го блокирате процесот“, вели Османи.

Поврзани новости