Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска пред медиумите го образложуваше новиот француски прелдог за отпочнување на преговорите со ЕУ. Тој пред медиумите рече дека Бугарија може да си го задржи својот став за македонскиот јазик, но дека тоа за ЕУ во преговарачаката рамка нема да биде прифатливо.
-Пропагандистите велат ова е слепа улица, ќе се бугаризираме, но тука сме да ги демонтираме таквите наративи. Слушнав варијанти дека имало фусноти, квалификации. 90 отсто од времето беше да се затвои припрашањето за јазикот.
Во ЕУ досега никогаш не е потпишан европски документ во кој стои македонски јазик. Најважната позиција на Бугарија беше да нема macedonian lenguage во ЕУ. Нека го задржат како сакаат ставот, но не смее ЕУ да прифати став на Бугарија.
Оваа рамка се усвојува истиот ден кога ние ќе кажеме „да“ за документот. Во таа рамка пишува чист македонски јазик без никакви додавки и од тој момент станува официјален јазик во преговорите со ЕУ“, рече Османи.
За шефот на македонската дипломатија, најголемата разлика помеѓу новиот и стариот француски предлог е тоа што македонскиот јазик останува заштитен во ЕУ и хронолошки биле отфрлани предлозите „јазик на Северна Македонија“, „јазик согласно Уставот“ и фуснота со ѕвездичка дека македонски јазик за Бугарија е неприфатливо, Според Османи, македонската дипломатија убедила 26 земји-членки дека тоа е неприфатливо.
-На крај дојде португалскиот предлог , рамката е важниот документ , сите други се неважни. Во тој „Устав“ се вели дека ЕУ ќе обезбеди превод на законодавство на македонски јазик во текот на преговорите. Тука во рамката се завршува прашањата за јазични и идентитетски прашања. Реков, кога ќе стигнеме до ова, ние ќе најдеме решение. Но гледам во јавноста, тоа е човечка природа – кога нешто ќе се постигне, тоа се заборава.
Да, има еднострана изјава на Бугарија, но не во рамката, туку во записникот. Тоа е мислење, кое не влегува во документот и заклучоците, и тоа еднаш и никогаш повеќе. Под целосна одговорност можам да кажам дека ова е чисто прашање“, додаде Османи.
Тој тврди дека обврските на Северна Македонија по билатералните прашања кон добрососедските односи не се вклучени во преговарачката рамка.
Во „Годишните мерки и прегледи за имплементација“ на Договорот за добрососедство немало ништо спорно, а со новиот предлог, вели Османи, преговорите ќе започнат пред уставните промени.