Османи: Брисел дојде во Скопје за да порача дека преговарачката рамка нема да се смени

by Fokus

Европската Унија денеска дојде во Скопје, бидејќи очигледно одењето во Брисел не беше доволно за да им каже на опозицијата дека не можевме да добиеме подобар договор, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Тој рече дека преговарачката рамка е изгласана од сите 27 земји членки на Европската унија и дека никој не може да ја промени, во гостување на ТВ 24.

По денепната посета на тројцата министри за надворешни работи на Австрија, Чешка и Словачка Османи, без да открива детали, најави дека следната недела во посета ќе дојдат и министри од Франција, Германија и Полска.

„Денеска дојде Европскта Унија во Скопје, бидејќи очигледно одењето во Брисел не беше доволно за да и се каже на опозицијата дека не можевме да добиеме подобар договор, второ нема да може никој и никогаш да смени една запирка од преговарачката рамка.

Никогаш нема да може  да се смени преговарачката рамка, затоа што е изгласана од 27 членки, за да се смени сите треба да кажат да, треба да каже и Бугарија“, рече Османи.

Тој рече дека лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски заминал во Брисел убеден дека ќе ја промени рамката, но добил силна порака.  Порача дека во политиката некогаш справувањето со предизвиците бара непопуларни чекори.

„Ако прекинеме со преговорите заради неуспешни уставни зимени, ЕУ  ќе ни речат решете ги односите со Бугарија после да продолжиме. Што значи тоа?!

Тоа значи дека со Бугарија ќе треба се да решиме и историски комисии, протоколи, договори, па после да продолжиме, а шансата ни е преку уставни измени да влеземе веднаш во машината.

Министерот Шаленберг затоа рече последната пречка, Бугарија постојано нешто ќе реагира, зборува, но ќе нема аргумент за да блокира и убеди 26 членки“, рече Османи.

Според него пораките на тројцата министри за надворешни работи кои беа изнесени на денешната конференција во ЕУ Делегацијата не се заканувачки, туку „предупредувачки“.

Поврзани новости