547
Бујар Османи – министерот за надворешни работи од Самитот на НАТО во Вилнус, Литванија зборувајќи за уставните измени истакна дека би било добро некогаш и опозицијата да дојде на вакви самити за да види каква е атмосферата.
„Би било добро некогаш и опозицијата да дојде на вакви Самити за да ја види атмосферата, да види што значи една држава да седи на маса со најсилните. Да го видите премиерот Ковачевски заедно со претседателот Бајден, со премиерот на Велика Британија и да разговараат за заедничките предизвици“ – рече Османи во изјава за тв21.
Тој додаде дека оваа можност е во рацете на опозицијата.