513
Пред државни микрофони не одговарам на партиски прашања, но Али Ахмети е повикан во Хаг како сведок, истакна денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи на заедничката прес-конференција со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров по повод размената на ресорите.
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, утре треба да сведочи на Специјалниот суд за воените злосторства во Косово.
Како што беше потврдено од неговиот кабинет, Ахмети ќе оди за Приштина да сведочи за неговата улога во ОВК.
Меѓународните обвинители побарале Ахмети да биде два дена на располагање за неговото сведочење.