888
Да се биде уставен судија е привилегија, но оваа функција носи голема одговорност, рече Осман Кадриу откако Парламентот го избра за нов уставен судија на предлог на претседателот Ѓорге Иванов.
-Уставен судија треба да биде одговорен во остарувањето на функцијата, но и на надлежноста на судот. Преку овој суд се остварува државниот, општествениот и граѓанскиот интерес. Да се штити правниот и уставниот поредок, тоа значи да се сака Уставот, а да се сака Уставот значи да се сака државата – рече Кадриу.
Според него, законот за јазици не е во спротивност со Уставниот поредок.