Ослободителна пресуда за Зоран Божиновски

by fokus

Кривичниот суд донесе ослободителна пресуда за новинарот Зоран Божиновски, кој беше обвинет во случајот „Шпион“. На Божиновски му се судеше во шпионажа и уцена во раздвоена постапка.

Обвинетиот Божиновски, во завршен збор, рече дека не бил соочен со ниту еден доказ и дека целиот предмет бил спакуван од СЈО без да се дозволи увид во доказите.

Обвинителството пак во завршен збор, рече дека биле изнесени докази со кои се потврдил обвинителниот акт и поврзаноста на Божиновски и Ефремов во делото „шпионажа“, додека делото делото „уцена“ останува во обид и не е потребно да настане штета, бидејќи не успеале да го добијат парите од Минчо Јорданов и Драган Даравелски.

И другите обвинети кои беа обвинети во аферата „Шпион“ добија ослободителни пресуди.

Поврзани новости