395
Ослободителна пресуда денеска доби битолчанецот кој во февруари го уби поранешниот зет, откако тој со мачета му упаднал во семејната куќа и и се заканувал на поранешната сопруга. Тогаш таткото на девојката пукал со пиштол и го убил поранешниот зет, 44-годишниот С.С.
Веста за „Фокус“ ја потврди синот на осомничениот.
-За нас како фамилија ова значи конечно мир и реална правда после 8 месеци поминати низ пекол, ни изјави Јоцо Ѓоргиевски, кој додава дека неговиот татко сега ќе излезе од притвор.
Осомничениот се бранеше дека во самодбрана и во одбрана на својата ќерка пукал кон зетот.