529
Војската во Мјанмар ослободи поголем дел од уапсените државни и регионални функционери, објави агенцијата Синхуа, повикувајќи се на извор од армијата.
Војниците одлучиле да ослободат министри и членови на владејачката партија Националната лига за демократија, кои беа уапсени вчера по извршениот државен удар против Владата на премиерката Аунг Сан Су Чи, која исто така беше уапсена заедно со претседателот на Мјанмар, Вин Мјинт.
Точниот број на ослободените се уште не е соопштен.
Војската на Мјанмар вчера ја презеде власта во земјата и прогласи вонредна состојба во траење од една година. Беа сменети 24 министри и нивни заменици и на нивно место назначи 11 нови министри.