Полицаецот, кој е обвинет дека смртно застрела 16-годишен Ром за време на полициска потера во Солун, денеска беше ослободен и забранет му е излез од земјата, јави дописничката на МИА од Атина.
Полицаецот досега беше во домашен притвор, по несогласувањето меѓу истражниот судија и обвинителот по првото сослушување, додека момчето беше сè уште живо, во однос на тоа дали да биде притворен, а Кривичниот суд во Солун денеска одлучи обвинетиот да биде ослободен.
Инцидентот се случи на 5 декември, а осум дена подоцна 16-годишниот им подлегна на сериозните повреди, па така во следниот период одново ќе се разгледа случајот со оглед на тоа дека полицаецот, сега веќе се товари за ново дело убиство.
На 5 декември кусо по полноќ момчето застанало на бензинска станица, наполнило бензин, побегнало без да плати и веднаш била информирана полицијата, по што полицајци со мотори го бркале возилото управувано од 16-годишниот, кој откако не одговорил на барањата да застане, според медиумите, бил застрелан во пределот на главата од еден од полицајците.