(Видео) Ослободен новинарот Фуркан Салиу: „Нека докажат дека сум удрил полицаец“

by Fokus

Новинарот Фуркан Салиу излезе од полициска станица, каде беше приведем по инцидент за време на фудбалски натпревар во село Средно Коњаре. Вели дека излегол поради поддршката од јавноста, инаку како што рече, сега ќе барале притвор за него и тоа без никаков доказ.

„Ме товарат дека сум нападнал полицаец, нека го докажат тоа и од утре не ме гледате веќе на екрани, не ме гледате нигде, ќе се извинам и ќе се тргнам“ рече Салиу.

Вели дека без негово присуство полицијата му го проверила автомобилот и дека неговиот пиштол, за кој имал дозвола, бил најден законски расклопен.

„Целиот настан почна кога еден млад дечко, кој седеше до нас цело време настрана и не учествуваше во тепачката, почнаа да го тепаат. Го фатија, го ставија под кола за да не се гледа и го тепаа. Го извадив телефонот за да го документирам тоа, затоа што дечкото навистина ништо не направи. Ми го земаа телефонот, не знам дали е скршен, ме уапсија мене, сум пружал отпор, сум нападнал полицаец, нека го докажат тоа“ објасни Салиу.

Претходно од МВР соопштија дека Салиу бил приведен поради напад врз службено лице, како и деке во неговиот автомобил бил пронајден пиштол.

Поврзани новости