933
Попладнево околу 16 часот од затворот во Куманово е ослободен екс разузнавачот Слободан Богоевски, објави телевизија Телма од нејзини извори.
Богоевски ја отслужи казната која му беше досудена за учество во финансиски малверзации поврзани со купување на имот кај базенот во Карпош. Екс разузнавачот во затвор помина една година и 7 месеци.
Тој во текот на целиот судски процес тврдеше дека е невин и дека власта го мести за да не ги сподели информациите кои ги знае за случајот Маѓар Телеком.