599
Вандали синоќа ги осквернавиле бистите на македонските поети Анте Поповски и Славко Јаневски во Струга. Бистата на Поповски била фрлена во водите на Охридското Езеро, а на Јаневски е оштетена.
Од охридската полиција велат дека извршен е увид и се трага по сторителите и откривање на мотивите на овој вандалски чин.
Од поетската манифестација Струшки вечери на поезијата остро реагираат на ваквото вандализирањето на бистите на македонските поети и очекуваат сторителите веднаш да бидат казнети.