805
Оскаровката (48) во средата на „Добро утро, Америка“ објави дека таа и сопругот Филип Шнајдер очекуваат близнаци.
Ѕвездата на „Аљаска дејли“ нагласи дека мајчинството е нешто што го посакувла долго време.
„Има нешто што го чекав многу долго и сега можам да ви кажам – ќе станам мајка. Доаѓаат две деца, не ми се верува”, рече таа.
„Се чувствувам одлично во моментов, но мојата облека почнува да се чувствува тесно“, се пошегува актерката, а потоа додаде: „Ова е голем благослов, апсолутно чудо. Неверојатно е“.
Хилари и Филип се во брак од 2018 година, а претходно беа во врска две години.