999
Викендот во Битола беа доделени “Оскарите” на Битолски весник, кои 20 години се доделуваат на нејзините сограѓани, кои со своите успеси и постигања се афирмирале себеси, но ја афирмирале и Битола.
Во изминатите 19 години Битолски весник има наградено над 800 битолчани, а на оваа бројка се приклучија уште триесетина битолчани, кои ја одбележаа минатата 2018 година и кои дадоа свој придонес за своја лична афирмација и за афирмацијата на Битола.
Меѓу најуспешните битолчани за 2018 година се најде и фототографот на „Фокус“, Томислав Георгиев, кој доби посебно признание.
Фотографии: Димитар Петковски