На Амбер Херд ѝ беше наложено да му плати на нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп 10,35 милиони долари како компензација и казнена отштета, откако поротата во Вирџинија пресуди дека го клеветела кога во 2018 година напишала статија дека е жртва на семејно насилство.
Актерката се надеваше дека нејзината осигурителна полиса кај New York Marine и General Insurance Co. ќе покрие дел од сумата.
Сепак, иако полисата покрива различни видови незаконско однесување, вклучително и клевета, „ТМЗ“ забележа дека според законот во Калифорнија – кој ја регулира полисата – осигурителната компанија не е обврзана да плати доколку осигурената страна се однесува недолично со намера, а компанијата нотира дека поротата не само што утврди намерна клевета, туку и злонамерна.