513
Европската унија се сомнева дека оштетувањето на двата подводни гасоводи во Балтичкото Море е саботажа и предупредува дека ќе одговори на нападот врз европската енергетска мрежа, изјави шефот на европската диплоиматија, Жозеп Борел.
-Сите достапни информации укажуваат дека овие протекувања се резултат на намерен чин, рече Борел во името на 27-те земји-членки на ЕУ.
„Секое намерно кршење на европската енергетска инфраструктура е целосно неприфатливо и ќе наиде на силен и единствен одговор“, соопшти Борел.
Сеизмолозите вчера јавија дека експлозии го потресоа Балтичко Море пред да бидат откриени истекувања на двата подводни гасоводи што минуваат од Русија до Германија.