Оштетените штедачи на Еуростандард: Зошто Љупчо Николовски молчи за високиот криминал во Еуростандард банка?

by fokus

Потпретседателот на Владата Љупчо Николовски најави жестока и некомпромисна борба со криминалот и корупцијата во државата, најавувајќи ја 2021-ва за антикорупциска година. Ја потврди и одговорноста за грижа за интересите на граѓаните и служење на истите. Најави и кол центар преку којшто ќе може секојдневно да пријавуваме корупција. Зошто Николовски молчи за високиот криминал и корупција во Еуростандард банка, прашуваат оштетените штедачи од оваа банка.

-Ние, ограбените физички и правни лица од Еуростандард банка, веќе седум месеци објавуваме за сторениот криминал и корупција и даваме конкретни примери за кражба на нашите депозити со користење на разни манипулации, злоупотреби и проневери. Не ни украдоа 50 евра туку вртоглави 60 милиони евра преку органиизиран и толериран масовен повеќегодишен грабеж на депозити. Директно урнисаа околу 3.000 семејства, граѓани и фирми депоненти на банката. Во организираниот криминал и корупција се вклучени од раководните лица на Еуростандард банка, гувернерката и нејзиниот прв тим од Народна банка, па до поединци и сопственици на избрани фирми каде завршиле и преку кои се поделиле нашите доверени пари во лиценцирана и контролирана но ограбена банка. Работата и исходот од ветното за борбата против криминалот и корупцијата, каде несомнено грабежот на Еуростандард банка е важен составен дел, го следат не само граѓаните туку и странските дипломатски претставништва и амбасади како и шефот на делегацијата на Европската унија во земјава. Дали Љупчо Николовски ќе остане на своето ветување да се бори за сузбивање на ова зло во општеството со конкретни дела и резултати или ќе останат празни зборови користени за партиски цели, останува да видиме многу скоро во наредните месец до два., реагираат штедачите.

Поврзани новости