Членови на семејствата на дел од оштетените, семејства на починатите пациенти кои се лекувале во клиниката „Жан Митрев“ кои со транспаренти го пречекаа кардиохирургот пред Кривичниот суд порачаа дека секое рочиште ќе бидат тука и ќе бараат правда.
Жан Митрев пречекан со транспаренти пред суд, тој обвинува за хајка против него
Но, во изјава за медиумите велат дека тој не е единствен одговорен туку и тој што му дозволил да лекува со хемофилтрација.
-Новиот министер за здравство сакаме да го прашаме што е со комисиите што ги направи неговиот претходник Беким Сали… Денес со Жан Митрев требаше да биде и бившиот министер Венко Филипче бидејќи тој не е единствениот виновник. Кој му дозволи на Жан Митрев да лекува така од ковид?“, рече една од оштетените, јавува „360 степени“.
Додека тие даваа изјава пред камерите, судот го напушти Жан Митрев, а оштетените почнаа да извикуваат „убиец” и тргнаа по него додека тој се движеше кон автомобилот.
Обвинителката бара динамика, одбраната на Жан Митрев два месеца да се запознае со списите
Денеска беше неуспешен и вториот обид да почне судењето против Митрев и неговата клиника иако беше закажан за февруари.