492
Вчера во 19,30 часот, лицето А.Б. пријавило во полицијата дека на православните гробишта во с.Љуботен, од страна на непознати сторители биле оштетени повеќе надгробни плочи, информираа од Министерството за внатрешни работи во денешниот билтен.
По излегување на местото на настанот било констатирано дека се оштетени 27 гроба.
Од МВР информираат дека по наредба на Јавен обвинител увид на лице место ќе се врши во текот на денешнниот ден.