398
Оштетени се стаклата на два одделни штаба на политичката партија СДСМ во Куманово. Случјот го потврдија и од МВР, од каде што информираа дека кај нив настанот е пријавен денеска во 10:40 часот.
Според МВР, искршени се по три прозорци на два штаба, едниот лоциран на улицата „Илинденска“, вториот на „Тоде Думба“. Во врска со настанот, соопштија од полицијата, приведен е 34-годишниот Д.С. од Куманово.
Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, денеска информираше дека е запознаен за инцидентот и дека случајот уредно е пријавен во полиција.
– Оставам на истражните органи да го најдат сторителот и да одговара за тоа што го има сторено, изјави Димитриевски.