Оштетена е таблата на бугарскиот клуб „Цар Борис“

by Фокус

Оштетен е дел од таблата на која е испишано името на ново отворениот бугарски културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид. Информацијата за МИА ја потврди портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Околу 12 часот и 45 минути во СВР Охрид пријавено е оштетување на дел од таблата поставен над просторијата во која е сместен бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“.

Екипи на СВР Охрид во моментот вршат увид на местото на настанот и се работи на расветлување на случајот.

Бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид беше отворен пред пет дена, а на денот на отворањето пред просториите се одржа протест организиран од политичката партија Левица.

Револтираните граѓани го изразија своето незадоволство против, според дел од нив, името на клубот.

Поврзани новости