Центарот за управување со кризи прима зголемен број пријави за итни случаи на 112 – за штети од регионите погодени од локалните налети на невреме.
Во оваа прилика Регионалниот ЦУК Крива Паланка, информира дека имаше пријави за итни случи од вчерашното невреме во Кривопаланечко за:
– отсечен пат во село Станци, Општина Крива Паланка, известена е локална самоуправа Крива Паланка и во моментот се работи на расчистување;
– голем доток на вода од „Куков Дол“ кон населба „Бегови бавчи“, во град Крива Паланка, запознаена е Оптина Крива Паланка и е реагирано ноќеска;
– ул. „Наско Тамбурков“, град Крива Паланка, паднато дрво, отстрането е ноќеска од страна на пожарникарите од ТППЕ Крива Паланка;
– поплавени простории во зграда на детска градинка „Детелинка“ во град Крива Паланка, а пожарникарите од ТППЕ Крива Паланка ја испумпуваа водата;
– Поплавени подрумски пеостории во зграда на ул.„Св.Јоаким Осоговкси“ бр.146, во град Крива Паланка, водата сама се повлекла;
– ЈП за одржување на регионални и магистрални патишта подрачна единица ПЕ Крива Паланка известува дека имало повремен регулиран застој поради расчистување заради наноси и одрони на регионални и магистрални патишта во текот на ноќта после врнежите од дожд и град. Известија до ЦУК дека моментално сите патишта во нивна надлежност се проодни.