Оружје и муниција пронајдени во домовите на двајца битолчани

by Fokus

Двајца Битолчани уапсени, полицијата кај нив пронашла оружје и муниција, соопшти Министерството за внатрепни работи.

„Вчера полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола го лишиле од слобода К.Ј.(26) од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, билe пронајдени и одземени пиштол „зораки“, две рамки за пиштол и 48 куршуми. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.

Вчера во Битола е уапсен уште еден граѓанин кај кој е најдена муниција, која потекнува од тешка кражба а ја извршиле неговите малолетни деца, велат од МВР.

„Вчера полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола од слобода го лишиле В.А.(43) од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени муниција и предмети кои потекнуваат од тешка кражба извршена на втори овој месец од страна на неговите малолетни деца. Со нив бил извршен службен разговор во полициска станица, при што го признале делото“, соопшти МВР.

Од МВР велат дека по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Поврзани новости